Во чест на нашите ученици од деветто одделение, учениците со континуиран одличен успех и првенецот на генерација

Во чест на нашите ученици од деветто одделение, учениците со континуиран одличен успех и првенецот на генерација, од минатата учебна година 2018/19 год. на 10 јуни се отпочна со реализација на „Завршна приредба за нашите ученици“. Со оглед на состојбата со COVID 19 и неможноста да се реализира оваа планирана активност на начин како што беше минатата учебна година, ООУ„Дане Крапчев“-Скопје, изготви промотивно видео во кое се претставени првенецот на генерација 2011-2020 год., како и сите ученици со континуиран одличен успех и примерно поведение. Како свечена приредба ја искористивме реализираната манифестација „Отворен ден на граѓанско образование на ООУ„Дане Крапчев“ Скопје, одржана на ден 13.12.2019 год., во која учество земаа голем број деветто одделенци од нашето училиште.

УЧЕНИЦИ СО КОНТИНУИРАН ОДЛИЧЕН УСПЕХ И ПРИМЕРНО ПОВЕДЕНИЕ  ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА 2011/2020 И  УЧЕНИК-ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Генерација 2011/2020.

Генерација што долго време ќе се памети во историјата на ООУ “Дане Крапчев”. Генерација со ученици што постојано се залагаа да бидат секој ден се подобри и подобри. Генерација со ученици со огромен натпреварувачки дух, ученици со голема самодоверба и пожртвуваност за своето училиште-нивниот втор дом, ученици со желба да го промовираат своето училиште на најдобар начин. Благодарение на нив, на нивното учество на најразлични домашни и меѓународни манифестации, за нашето училиште се слушна насекаде во нашата татковина, а и надвор од неа. Благодарение на нив нашето училиште се вбројува меѓу најуспешните училишта.

Од сите ученици во оваа генерација посебно ги издвојуваме учениците со континуиран одличен успех и примерно поведени во текот на целокупното нивно осново образование. Тоа се учениците:

Тијана Антовска, Михаил Јаневски и Леон Станчески од IX-1

Ема Котеска, Марија Колевска, Марио Илиевски и Марко Смилевски од IX-2

Аделина Ајваз, Јана Стоилевска, Павел Наневски,  Михаела Стојменовиќ, и НиколаСтојменовиќ од IX-3

Вероника Неделковска, Јане Ѓорѓиевски и Методија Тасевски од IX-4.

Од нив кандидати за титулата Првенец на генерација беа пријавени учениците Марија Колевска, Марко Смилевски, Методија Тасевски и Павел Наневски. Комисијата за прогласување на Првенец на генерација според однапред утврдени критериуми ги врднуваше постигањата на овие ученици и ја направи следната ранг листа:

          Истата беше дадена на усвојување на Наставнички Совет одржан на 04.06.2020 година и едногласно беше усвоена. Според тоа Пренец на генерацијата 2011-2020 е ученикот Павел Наневски од IX-3.

Честитки за Павел Наневски. Голема благодарност до останатите кандидати за првенец на генерација.

Со ова видео, целиот колектив на ООУ„Дане Крапчев“ Скопје им посакува голем успех во натамошното образование на нашите ученици од деветто одделение, да се здрави, живи и успешни во идните свои планови. Среќно нека Ви е наши ученици!!!